Библиски стихови за светлината

И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И бидна светлина. И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
Библија – Битие 1:3-4

Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.
Библија – Јован 1:4–5

И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина.
Библија – 1 Јован 1:5

Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена.
Библија – Јаков 1:17

Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.“
Библија – Јован 8:12

Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“
Библија – Матеј 5:14-16

Светлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува.
Библија – Изреки 13:9

Ноќта одминува, а денот се прибли­жи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Библија – Римјаните 13:12

Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм. На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка.
Библија – Откровение 21:22–24

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart