А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Сѐви-шниот, зашто ќе одиш пред Господа, за да Му ги приготвиш Неговите патишта, за да му дадеш на Неговиот народ, да познае спасение преку проштавањето на нивните гревови, преку милос-тивото срце на нашиот Бог, со кое ќе нѐ посети Зората од висините, за да ги осветли оние, кои седат во темнина и во смртна сенка, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.“
Библија – Лука 1:76-79
Зашто ќе биде голем пред Господа – нема да пие ни вино ни опојни пијалаци; и ќе се наполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка; и многу Израелеви синови ќе ги обрати кон Господа, нивниот Бог. Тој ќе врви пред Него во Илиевиот дух и сила, за да ги обрати срцата на татковците кон децата; а непокорните кон мудроста на праведниците, и да Му приготви на Господа совршени луѓе.“ А Захарија му рече на ангелот: „По што ќе го познам тоа? Јас сум стар, а и жена ми е застарена во своите дни!“ Анге-лот одговори и му рече: „Јас сум Гавриел, кој стои пред Бога и испратен сум да зборувам со тебе и да ти ја известам оваа радосна вест. И ете, ќе онемиш и не ќе можеш да зборуваш до денот, кога ќе се збидне ова; зашто не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“
Библија – Лука 1:15-20
Тогаш му се јави Господов ангел, стоејќи оддесно на кадилниот жртвеник. Кога го виде, Захарија се збуни и страв го опфати. Но, ангелот му рече: „Не бој се, Захарија! зашто е услишана твојата молитва! Твојата жена Елисаве-та ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован. Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање.
Библија – Лука 1:11-14
И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!“ И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
Библија – Јован 1:14-16









