








„Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.
Исус Христос во Евангелие според Јован 14:1-3
Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: “Смртта е уништена и победата е целосна!“
1 Коринтјаните 15:54
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Едино-роден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
Библија – Јован 3:16
Ве уверувам дека доаѓа време, и веќе е дојдено, кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас – гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни – ќе живеат!
Зашто, како што Таткото е извор на живот, така Му даде и на Синот да биде извор на живот.
Тој Му даде на Синот и право да суди, затоа што Тој е Синот Човечки.
Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот кога сите покојници ќе го слушнат гласот на Божјиот Син
и ќе излезат од гробовите: оние што правеле добро – ќе воскреснат за да живеат вечно, а оние што вршеле зло – ќе воскреснат за да бидат осудени на вечна казна!
Исус Христос во Евангелие според Јован 5:25-29
Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.
Библија – Јован 3:13
А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте читале во Мојсеевите книги за тоа како Бог му се јави на Мојсеј во разгорената грмушка и му рече: ,Јас Сум Бог на Кој Му служат Авраам, Исак и Јаков!‘
Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Бог не е Бог на мртвите, туку на живите! Вие сте во голема заблуда!“
Библија – Марко 12:26-27
А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте читале во Мојсеевите книги за тоа како Бог му се јави на Мојсеј во разгорената грмушка и му рече: ,Јас Сум Бог на Кој Му служат Авраам, Исак и Јаков!‘
Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Бог не е Бог на мртвите, туку на живите! Вие сте во голема заблуда!“
Библија – Марко 12:26-27
