Библиски начини како да се откажеме од своите себични амбиции

Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи; зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
Исус Христос во евангелие според Матеј 16:24-26

Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие!
Библија – Колошаните 3:13

Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! – говори Господ.“ Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден – напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.“ Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!
Библија – Римјаните 12:19-21

„Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен, а мрази го неприја­те­лот.‘ А јас, пак, ви велам: љубете ги не­пријателите свои, (благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат) и молете се за оние што ве (навредуваат и) гонат, за да бидете синови на Вашиот Отец небесен; зашто Тој го остава Сво­ето сонце да грее и над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на грешните. Зашто, ако ги сакате оние што вас ве сакаат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците? И, ако ги поздравувате само бра­ќа­та свои, што особено правите? Не пос­та­пуваат ли така и незнабошците?
Исус Христос во евангелие според Матеј 5:43–47

Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите – господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив. Но меѓу вас не е така; а кој сака да биде голем меѓу вас нека ви биде слуга! А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите, зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!“
Исус Христос во евангелие според Марко 10:42–45

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart