Библиски стихови за благослов во домот

Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност.
Библија – Псалми 4:8

Зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој
Библија – Псалми 91:10

Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господ и кому му се мили Него­вите заповеди. Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен. Слава и богатство ќе има во него­виот дом; и правдата негова ќе преус­пева вечно.
Библија – Псалм 112:1-3

Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци!
Библија – Псалм 122:7

Проклетството Господово е врз до­мот на безбожниот, а живеали­штето на праведниот Бог го благо­словува.
Библија – Изреки 3:33

Каде и да се свртат нечестивите – из­чезнуваат, а домот на праведните оста­нува.
Библија – Изреки 12:7

Јас и мојот дом ќе Му служиме на Господа.“
Библија – Исус Навин 24:15

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart