Библиски стихови за Божјата љубов

Но Бог, Кој е богат во милост – поради Својата голема љубов со која нѐ возљуби нас, нѐ оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, – по благодат сте спасени! – и со Него нѐ воскресна и со Него нѐ седна во небесните места, во Христа Исуса, та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.

Свето Писмо – Ефесјаните 2:4–7

Така вели Господ: народот, што се спасил од меч, најде милост во пустината; одам да го успокојам Израел. Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа останав милостив кон тебе.

Свето Писмо – Еремија 31:2–3

По милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.

Свето Писмо – Плач 3:22–24

Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.

Исус Христос во евангелие според Јован 15:9–13

Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот,“ вели Господ Кој ти се смилува.

Свето Писмо – Исаија 54:10

За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре. Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.

Свето Писмо – Римјаните 5:7–8

Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голо­тијата? Или погибелта? Или мечот? Како што е напишано: „Заради Те­бе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“ Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби. Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни влас­ти­те, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ни­ту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.

Свето Писмо – Римјаните 8:35–39

Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога. А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов. Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нѐ возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови. Возљубени, ако Бог нѐ возљуби така, и ние треба да се љубиме еден со друг. Бога никој никогаш не Го видел; ако се љубиме еден со друг, Бог останува во нас и Неговата љубов стана совршена во нас.

Свето Писмо – 1 Јованово 4:7–12

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.

Свето Писмо – Јован 3:16

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart