Библиски стихови за Божјото царство

Подоцна, кога владетелот Ирод Антипа го затвори Јована Крстител, Исус отиде во Галилеја за да ја проповеда Божјата Радосна вест.

Говореше: „Дојде времето! Божјото царство се приближува! Покајте се и верувајте во Радосната вест!“
Исус Христос во евангелие според Марко 1:14-15

Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сѐ тоа ќе ви се додаде.
Исус Христос во евангелие според Матеј 6:33

И Тој ги подигна Своите очи кон Своите ученици и рече: „Блажени сте вие бедните, зашто е ваше Божјото Царство!
Исус Христос во евангелие според Лука 6:20

Во продолжение, Исус рече: „Божјото царство може да се спореди со семе што човек го посева на својата нива.
Потоа, тој ноќе спие, а дење излегува. За тоа време семето никнува и расте, иако тој не го разбира тоа.

Самата земја го произведува плодот: најпрво стебло, потоа клас и на крајот зрна.

Штом плодот ќе созрее, доаѓа жетвата и сејачот го жнее.“
Исус Христос во евангелие според Лука 6:20

Еден ден, некои од фарисеите Го прашаа Исуса: „Кога ќе завладее Божјото царство?“ Неговиот одговор гласеше: „Божјото царство не доаѓа на видлив начин.

Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е меѓу самите вас.“
Исус Христос во евангелие според Лука 17:20–21

И пак ви велам: „Полесно ѝ е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.“
Исус Христос во евангелие според Матеј 19:24

Ви велам: меѓу родените од жени никој пророк не е поголем од Јована; но најмалиот во Божјото Царство е поголем од него.
Исус Христос во евангелие според Лука 7:28

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart