Куќата и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господ.
Библија – Изреки 19:14
И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“
Библија – Битие 2:18
Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело.
Библија – Битие 2:24
Кој нашол жена, нашол среќа и добил благодат од Господ.
Библија – Изреки 18:22
Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сѐ тоа ќе ви се додаде.
Исус Христос во евангелие според Матеј 6:33
Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.
Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг.
Библија – 1. Коринќаните 7:2-3
Не впрегнувајте се заедно со безверниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината? Може ли да има слога меѓу Христос и Ѓаволот? Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?
Библија – 2 Коринтјаните 6:14-15
Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.
Библија – Изреки 3:5-6
Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта.
Библија – 1 Јованово 4:18









