Благотворната душа наоѓа поткрепа, а кој ги напојува другите, сам ќе се напои. Изреки 11:25

Давајте и ќе ви се даде: добра мерка – набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери. Лука 6:38

А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда. Коринтјаните 9:10

Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа. Изреки 3:27
Донесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во Мојот Дом. Тогаш испитајте Ме – зборува Господ над Војските – не ќе ли ви ги отворам небесните брани и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка. Малахија 3:10

И така, кога даваш милостина не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. Матеј 6:2

А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната. Матеј 6:3


На оној што бара нешто од тебе – дај му. Од оној што зел нешто твое – не барај да ти го врати! Лука 6:30
Нечесниот по цел ден лакоми, а праведникот дава и не штеди. Изреки 21:26

Кој дели изобилно, сè повеќе има, а кој скржави сè е посиромашен. Изреки 11:24

Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!” Матеј 19:21
Ова, пак, ви го велам: кој скржаво сее, скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее. Коринтјаните 9:6
А Јован им одговори: „Кој има две кошули, нека му даде една на оној што нема ниту една; и кој има храна, нека ја подели со другите.“ Лука 3:11
