И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и испратете им и на оние што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткрепа за вас.“
Свето Писмо – Неемија 8:10
Исус во одговор ѝ рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни.
А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.“
Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!“
Свето Писмо – Јован 4:13–15
Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема,
јас и тогаш ќе се радувам во Господа и ќе се веселам во Бога на моето спасение.
Господ Бог е мојата сила: Он ќе ги направи нозете мои како на елен и ќе ме поведе по височините мои.
Свето Писмо – Авакум 3:17-19
Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.
Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
Свето Писмо – 2. Коринтјаните 12:9–10
Во вашите постапки не бидете алчни за пари.
Бидете задоволни со тоа што го имате.
Господ ни ветува: „Нема да ве оставам, нема да ве напуштам!“
Свето Писмо – Евреите 13:5
Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици.
Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.
Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.
Свето Писмо – 1 Тимотеј 6:9-10
Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш.
Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе.
Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни.
Свето Писмо – 1 Тимотеј 6:6–8








