








Зашто „кој сака да го љуби животот и да види добри денови, нека го воздржи својот јазик од зло и своите усни од измамливо зборување;
Библија – 1 ПЕТРОВО 3:10
Испитај го моето срце, посети ме ноќе, искушај ме, но нема да најдеш ништо; мојата уста не згреши.
Библија – Псалм 17:3
Воздржувај го својот јазик од зло и своите усни од лажно зборување! Отстранувај се од злото и прави добро, барај мир и врви по него!
Библија – Псалм 34:13-14
Одлучив: „Ќе го чувам мојот пат, за да не згрешам со јазикот; ќе ја зауздам мојата уста, додека е нечестивиот пред мене!“
Библија – Псалм 39:1
При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја.
Библија – Изреки 10:19
Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему.
Библија – Изреки 13:3
Кроток јазик е дрво на животот, а злиот – рана на душата.
Библија – Изреки 15:4
Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.
Библија – Изреки 16:24
Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ќе вкусат од плодовите негови.
Библија – Изреки 18:21
