






Библиски стихови за молитва која добива одговор
и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.
Библија – 2 Летописи 7:14
‘Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што не знаеш ништо.’
Библија – Еремија 33:3
Близу е Господ до сите, кои Го повикуваат, до сите, кои вистински Го призиваат. Тој им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува.
Библија – Псалм 145:18-19
“Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори. Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен? Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија? И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?“
Исус Христос во евангелие според Матеј 7:7-11
Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го при-мивте, и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.
Исус Христос во евангелие според Марко 11:24-25
И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“
Исус Христос во евангелие според Јован 14:13-14
Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.
Библија – Јаков 5:16
