Библиски стихови за надминување на прејадувањето и ненаситноста

Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.
Библија – 1 Коринтјаните 3:16-17

Не биди меѓу оние, што се опиваат со вино, меѓу оние, што се презаситуваат со месо, – зашто пијаницата, и оној што се прејадува, ќе осиромашат, а сонливоста ќе ги облече во партали.
Библија – Изреки 23:20-21

Зашто мнозина, за кои ви зборував многупати, а сега зборувам и со солзи одат како непријатели на крстот Христов. Нивниот крај е погибел; нивниот бог е стомакот; нивната слава е во нивниот срам; тие мислат само на земното.
Библија – Филипјаните 3:18-19

Кога ќе седнеш да јадеш со властодржец, гледај добро што има пред тебе, и постави ограда на грлото свое, ако си лаком. Не се мами од вкусните гозби не­гови: тие се примамлива храна.
Библија – Изреки 23:1-3

Го искушуваа Бога во своите срца, барајќи јадења за својата лакомост.
Библија – Псалм 78:18

Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.
Библија – 1 Коринтјаните 10:31

и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нѐ слуша; ништожник е и пијаница.’
Библија – Второзаконие 21:20

туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото.
Библија – Римјаните 13:14

Ако најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го по­вратиш.
Библија – Изреки 25:16

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart