







Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.
Ефесјаните 4:15–16
Зашто сакам да ве видам, да ви дадам некој духовен дар за ваше зацврстување, односно: меѓу вас, заедно со вас, да најдам утеха преку заедничката вера – вашата и мојата.
Римјаните 1:11–12
Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог; туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес“, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот.
Евреите 3:12–13
Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог; туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес“, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот.
Евреите 3:12–13
И така, ако во Христос има некаква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание, исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени; не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
Филипјаните 2:1–4
Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.
1. Солунјаните 4:17–18
Никаков гнил збор да не излегува од вашата уста, туку само полезен за изградување, – каде е потребно, за да им даде благодат на слушателите.
ЕФЕСЈАНИТЕ 4:29
Да размислуваме како еден со друг да се поттикнуваме на љубов и добри дела. Да не изостануваме од нашите заеднички богослужби, како што некои тоа имаат обичај да го прават, туку напротив, да се охрабруваме едни со други, особено сега кога гледате дека се приближува денот на враќањето на нашиот Господ!
Евреите 10:24-25
