Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.
Библија – Филипјаните 2:3
Благотворната душа наоѓа поткрепа, а кој ги напојува другите, сам ќе се напои.
Библија – Изреки 11:25
Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела.
Библија – Јаков 3:16
А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта.
Библија – Галатјаните 5:22-23
Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло.
Библија – 1 Коринтјаните 13:4-5
Давајте и ќе ви се даде: добра мерка – набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.
Исус Христос во Евангелие според Лука 6:38
Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 6:24
Нечесниот по цел ден лакоми, а праведникот дава и не штеди.
Библија – Изреки 21:26
Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.
Библија – Римјаните 12:10









