Библиски стихови за стравот Господов

Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува.
Библија – Псалми 34:7

Стравот Господов води кон жи­вот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде.
Библија – Изреки 19:23

Колку е голема добрината Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои имаат страхопочит кон Тебе, и што си ја приготвил за оние, кои имаат верба во Тебе пред очите на синовите чо­вечки!
Библија – Псалми 31:19

Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ќе се скратат.
Библија – Изреки 10:27

Плодови на смиреноста се: стравот Господов, богатството, славата и животот.
Библија – Изреки 22:4

Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди
Библија – Псалми 112:1

И милоста Негова е од колено на ко­лено за оние што се бојат од Него.
Библија – Лука 1:50

Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум.
Библија – Изреки 9:10

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart