








Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има се што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува – не е од небесниот Татко, туку од овој свет.
Свето Писмо – 1 Јован 2:16
Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти.
Свето Писмо – Галатјаните 5:24
Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.
Свето Писмо – Галатјаните 6:8
Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го разбере?
Свето Писмо – Еремија 17:9
Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа
Свето Писмо – РИМЈАНИТЕ 7:18
И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот.
Свето Писмо – Римјаните 8:1
Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи, додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи и се стремат кон нивно остварување.
Свето Писмо – Римјаните 8:5
Ако дозволите грешната телесна природа да ве води, ќе умрете. Но ако со помош на Божјиот Дух ги совладувате навиките на вашата грешна природа, ќе живеете.
Свето Писмо – Римјаните 8:13
Да се однесуваме примерно, како да сме изложени на светлина. Не учествувајте во оргии и пијанки, во блуд и разврат, во кавги и завист.
Загрнете се со Господ Исус Христос и не размислувајте како да им угодите на грешните телесни желби.
Свето Писмо – Римјаните 13:13-14
Сакам да ви го кажам следново: дозволете Светиот Дух да ве раководи и нема да им подлегнувате на грешните телесни похоти.
Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга.
Свето Писмо – Галатјаните 5:16-17
