Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води – ме води. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.
Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.
Библија – Псалм 23:1-4
Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.
Библија – Изреки 16:18
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Едино-роден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
Библија – Јован 3:16-17
Знајте го ова, возљубени браќа мои: секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето, бавен на гнев,
Библија – Јаков 1:19
Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност.
Библија – Јаков 3:13
Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.
Библија – Филипјаните 2:3
Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки.
Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.
Библија – 1 Петар 3:3-4
И така, кога даваш милостина не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето.
Исус Христос во евангелие според Матеј 6:2
И да се стремите да живеете мирно, да се грижите за својата работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме; та да се однесувате пристојно кон оние кои не поверувале и да не зависите од никого.
Библија – 1 Солуњаните 4:11-12









