Библиски Стихови За Чекањето И Надежта Во Господ

Надевај се на Господа, охрабри се! Нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај Го Господа!
Псалми 27:14

А оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.
Исаија 40:31

Добар е Господ кон оние, кои се на­деваат на Него, кон душата, која Го ба­ра.
Плачот 3:25

И затоа Господ чека да ве помилува и желно гледа за да се смили над вас; зашто Господ е Бог на правдата – бла­жени се сите што се надеваат на Него!
Исаија 30:18

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart