Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.
Библија – Изреки 3:5-6
Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!
Библија – Дела 16:31
Господ зборува вака: „Мудрите нека не се фалат со мудроста, ни јунакот нека не се фали со смелоста, ни богатиот нека не се фали со богатството.
Библија – Еремија 9:23
Горделивиот предизвикува караници, а кој се надева на Господ, ќе преуспее.
Библија – Изреки 28:25
Зборуваше во своето срце: ‘Ќе се искачам на небесата, над Божјите ѕвезди ќе си издигнам престол за себе. На собирната гора ќе престолувам, на краен север. Ќе се искачам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Сѐвишниот.’ А се сруши во Подземјето, во длабочините на пропаста!
Библија – Исаија 14:13-15
како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.“
Библија – Римјаните 3:10-12
Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви. Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост.
Библија – 2 Тимотеј 3:2
Кој се надева на себеси, безумен е
Библија – Изреки 28:26








