


Исусовите понижувања
Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во преторијата и ја собраа целата чета околу Него, 28па, откако Го соблекоа, Му облекоа скерлетна наметка; 29исплетоа трнов венец, Му го ставија на главата и Му дадоа во десната рака трска; и, поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 30И плукаа на Него, па ја зедоа трската и Го удираа по главата. 31А откако Го исмеаја, Му ја соблекоа скерлетната наметка, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување. Матеј 27:27-31
