Која е најважната заповед

И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?“Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле – Господ, нашиот Бог – е единствен Господ, и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!“ А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!“ Друга заповед, поголема од овие, нема.“ И книжникот Му рече: „Добро, Учителе, кажа според вистината дека Бог е Еден, и нема друг освен Него, и да Го љубиш Него со сето срце, и со сиот разум, и со сета сила; и да го љубиш ближниот како себеси, тоа е многу повеќе од сите паленици и жртви.“ А Исус кога виде дека одговори разумно – му рече: „Не си далеку од Божјото Царство.“ И никој повеќе не се осмели да Го праша.

Исус Христос во евангелие според Марко 12: 28:34

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart