Парабола за сејачот

И му говореше за многу нешта, користејќи се со споредби.

„Еден сејач излезе да сее на својата нива. Сеејќи така, дел од семето падна на тврда почва, покрај патот; долетаа птици и го исколваа.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:3-4

Друг дел од семето падна на каменеста почва, каде што имаше малку земја, и тоа брзо никна бидејќи земјата беше плитка.

Но штом запече сонцето, стебленцето свена и се исуши, бидејќи немаше доволно длабоки корени за да го одржат во живот.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:5-6

Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето го задушија стебленцето.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:7

Конечно, дел од семето падна на плодна почва и донесе плод: едно стебло роди сто, друго шеесет, а трето триесет зрна.

Ако имате уши, слушајте внимателно!“ заклучи Исус.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:8-9

Тогаш на Исус Му пристапија Неговите ученици и Го запрашаа: „Зошто му зборуваш на народот преку споредби?“ А Тој им одговори: „Вам ви е дадено да ги запознавате тајните на небесното царство, но ним не им е.

Зашто, на оној што е отворен за она што Јас го поучувам, ќе му биде дадено уште подлабоко разбирање; а на оној што не сака да Ме слуша, ќе му се земе и она што го има. Им зборувам преку споредби бидејќи тие, имајќи очи, не гледаат, и имајќи уши не слушаат, ниту пак се трудат да разберат.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:10-13

„Чујте го сега значењето на споредбата со сејачот.

Тврдата почва покрај патот ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката за небесното царство, но не се трудат да ја разберат. Ѓаволот доаѓа и го отстранува посеаното кај нив.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:18-19

Каменестата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака и со задоволство ја примаат; меѓутоа, бидејќи таа во нив не се закоренува, тие остануваат верници само за кратко: штом надојдат неволи или прогонства поради верата во Божјата порака, тие веднаш се откажуваат.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:20-21

Трнливата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака, но прекумерната грижа за овој живот, како и занесот по збогатување ја задушуваат пораката во нив и тие остануваат бесплодни.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:22

Плодната почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака и се трудат да ја разберат. Тоа семе ќе донесе плод: некаде по сто, некаде по шеесет, а некаде по триесет зрна.“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 13:23

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart