Псалми кои треба да ги прочитате во деновите кога се чувствувате исцрпени

Многу е лесно да се преоптовариме со животните околности, а преоптоварувањето може да не остави изнемоштени и очајни. Кога сме физички, ментално или духовно исцрпени, ни треба многу повеќе од мотивација. Ни треба чувство дека Бог е реален и вклучен во нашите животи. Ние треба да ги бараме вистините што ги имаме во нашиот Отец Бог и Неговиот Син, Исус, нашиот Спасител.

Еве стихови од псалми кои можат да помогнат кога се чувствуваме исцрпени – во оние моменти кога она што всушност ни треба се сила, стабилност, надеж, мир, освежување, радост, утеха, избавување, храброст и исцелителен одмор од добар ноќен сон.

Псалми

Трпеливо се надевав на Господ, и Тој се наклони над мене и ја чу мо­литвата моја, и ме изведе од длабината на јазот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои ПСАЛМИ 40:1-2

Надевај се на Господа, охрабри се! Нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај Го Господа!. Псалми 27:14

Сепак, Господи, Ти си мој штит, моја слава, Ти ми ја воздигна главата. Псалми 3:3

Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат. Псалми 6:2

Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води – ме води. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име. Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат. Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева. Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш. Псалми 23

Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам. Псалми 28:7

Праведниците викаат, а Господ ги слуша, ги избавува од сите нивни беди. Господ е близу до оние што се со скрушени срца, и ги спасува оние, што се со покајнички дух. Псалми 34:17-18

Од Господа доаѓа спасение на праведните, Тој им е засолниште во лоши времиња.

Господ им помага, Тој ги избавува: Тој ќе ги избави од нечесните и ќе ги спаси, зашто кај Него бараат прибежиште. Псалми 37:39-40

Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам. Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник? Псалми 56:3-4.

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart