А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.
Свето Писмо – Лука 1:26-27
И кога ангелот дојде при неа ѝ рече: „Радувај се благодатна! Гос-под е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? Тогаш ангелот ѝ рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
Свето Писмо – Лука 1:28-31
Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сѐвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.“
Свето Писмо – Лука 1:32-33
А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?“ Ангелот одговори и ѝ рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сѐвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе – ќе се нарече Божји Син.
Свето Писмо – Лука 1:34-35
И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наре-чуваат неплодна. Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.“ Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!“ И ангелот си отиде од неа.
Свето Писмо – Лука 1:36-38
И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител, зашто ја погледна смиреноста на Својата слугинка. И ете! Отсега сите родови ќе ме наречуваат блажена, зашто Силниот изврши големи дела за мене и Неговото име е свето, и Неговата милост од род до род, за оние, кои се бојат од Него.
Свето Писмо – Лука 1:46-50
Со Својата рака напра-ви силни дела: ги распрсна горделивите во мислите на нивните срца, ги симна владетелите од престолите, а ги воздигна смирените, гладните ги насити со блага, а богатите ги отпушти празни; го прифати Израел, Својот слуга, да си спомни на милоста, како што им рече на нашите татковци – на Авраама и на неговото Семе, довека.“
Свето Писмо – Лука 1:51-55







