Или не знаете дека неправедните нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни разбојниците нема да го наследат царството Божјо.
Свето Писмо – 1 Коринтјаните 6:9
Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.
Свето Писмо – 1 Тимотеј 5:23
Oчите твои ќе гледаат туѓи жени, и срцето твое ќе почне да говори развратно; и ти ќе бидеш како заспан среде море и како задреман на врв на јарбол, па ќе речеш:
»Ме биеја, не ме болеше; ме туркаа, не чувствував. Кога ќе се разбудам, пак ќе го барам истото.«
Свето Писмо – Мудри Соломонови Изреки 23:33-35
На некого – ах, на некого – ох, на некого – кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи?
На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми.
не го гледај виното како се црвенее, какви се искрите во чашата, како убаво се лее;
отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница;
Свето Писмо – Мудри Соломонови Изреки 23:29-32
Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!
Свето Писмо – Ефешаните 5:18
„Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.
Свето Писмо – 1 Коринтјаните 6:12
Тешко им на оние кои се силни во виното и јунаци во мешањето на силните пијалаци
Свето Писмо – Исаија 5:22
Виното е подбивно, опојниот пијалак е бучен, и секој што е заведен од него, не е мудар.
ПОСЛОВИЦИ 20:1
Тешко им на тие кои стануваат рано наутро, одат по жесток пијалак и седат доцна во ноќта распалени со виното.
Свето Писмо – Исаија 5:11









