Што вели Библијата за коцкањето?

“Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што кра-дци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 6:19-21

Замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија.
Свето Писмо – Изреки 21:5

Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
Свето Писмо – Изреки 13:11

“Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 6:24

Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!“
Свето Писмо – Евреите 13:5

Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.
Свето Писмо – 1 Тимотеј 6:10

Се фрла жрепката, но од Господа е секоја одлука.
Свето Писмо – Изреки 16:33

Наследство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле.
Свето Писмо – Изреки 20:21

Kој брза да се збогати, не ос­та­нува без казна.
Свето Писмо – Изреки 28:20

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart