И некои од вас бевте такви, но сега сте исчистени, станавте свети и оправдани пред Бог преку делото на Господ Исус Христос и Духот на нашиот Бог.
Свето Писмо – 1 Коринтјаните 6:11
Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!
Свето Писмо – РИМЈАНИТЕ 12:2
Содом и Гомора, заедно со околните градови, се оддадоа на блуд и неприродни телесни страсти. Затоа за казна беа фрлени во вечен оган, за да им служат како предупредување на луѓето.
Свето Писмо – Јуда 1:7
Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство? Немојте да се залажувате! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените, ни хомосексуалците
Свето Писмо – 1 Коринтјаните 6:9
Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.
Свето Писмо – 1 Коринтјаните 7:2
Поради тоа Бог ги препушти на нивните срамни страсти. Дури и нивните жени веќе не водат љубов на природен начин, туку прават противприродни работи. Истото го прават и мажите. Напуштајќи го природниот однос со жените, ги распалуваат страстите еден спрема друг, мажи со мажи прават срамни нешта и врз себе добиваат заслужена казна за својата расипаност.
Свето Писмо – Римјаните 1:26-27
Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.
Свето Писмо – ЛЕВИТ 18:20
Он им одговори и рече: »Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, ‚маж и жена ги создаде‘ и рече: ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.‘
Исус Христос во Евангелие според Матеј 19:4-5








