3 работи што христијанинот треба да ги прави во тајност

„Пазете се од искажување побожност и добрина со цел да се покажете пред луѓето, зашто тогаш не ќе имате награда од вашиот небесен Татко. Исус Христос во евангелие според Матеј 6:1

1. Давајте милостина во тајност

А кога давате милостини, не трубете насекаде, како што тоа го прават лицемерите по синагогите и по улиците. Тие го прават тоа за да бидат пофалени од луѓето. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!

А ти, кога ќе даваш милостини, твојата лева рака да не знае што дала десната; нека бидат дискретни твоите милостини, а твојот небесен Татко, Кој го гледа и тоа што е тајно, ќе те награди јавно.“

Исус Христос во евангелие според Матеј 6:2-4

2. Молете се во тајност

И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Навистина ви велам дека тие веќе ја добиваат својата награда.

А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и откако ќе ја затвориш вратата своја, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност, и Твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.

Исус Христос во евангелие според Матеј 6:5-6

2. Постете во тајност

„И кога постите, не бидете намуртени како лицемерите; тие си го изобличуваат лицето за да забележат луѓето дека постат. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!

А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето, за да не те познаат луѓето дека постиш; доволно е што знае твојот небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно. “

Исус Христос во евангелие според Матеј 6:5-6

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart