Библиски стихови за зависта









Не пожелувај го домот на ближниот свој, не пожелувај ја жената на ближниот свој, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни магарето негово, ниту нешто друго, што му припаѓа на ближниот твој!“
Излез 20:17
Не се лути на злосторниците, ниту им завиди на оние што прават беззаконие. Се сушат брзо како трева, венеат брзо како зелено растение. Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината.
Псалми 37:1–3
Нека твоето срце не им завиди на грешниците, туку нека секогаш ти биде во страв од Господа; зашто ќе имаш иднина, и твојата надеж нема да пропадне.
ПОСЛОВИЦИ 23:17-18
Се уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?
1 Коринтјаните 3:3
Натаму искусив дека секој напор и секој успех му прибавува на човекот завист од неговиот ближен. И тоа е суета и гонење на ветер.
ПРОПОВЕДНИК 4:4
Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете! Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате – не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.
Јаков 4:2-3
Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината!
ЈАКОВ 3:14
Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него, зашто сѐ што е во светот: – похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.
ЈАКОВ 3:14
Ние не се ни осмелуваме да се изедначуваме или споредуваме со оние што имаат толку високо мислење за себе. Тие постапуваат неразумно, зашто се вреднуваат себеси со свои мерки па испаѓа дека се споредуваат сами со себе!
2 Коринтјаните 10:12
