Внимавајте на себе! Ако ти згреши братот, укори го, па ако се покае – прости му.
Исус Христос во Евангелие според Лука 17:3
Кој ги крие своите престапи нема успех, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост.
Свето Писмо – Изреки 28:13
Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.
Свето Писмо – 1 Јован 1:9
Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.“
Исус Христос во Евангелие според Лука 13:2-5
Докажете на дело дека навистина сте се покајале!
Исус Христос во Евангелие според Матеј 3:8
А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.
Свето Писмо – Дела 2:38
Господ не го забавува тоа што го ветил, како што некои мислат за тоа бавење, туку го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.
Свето Писмо – 2 ПЕТРОВО 3:9
Затоа покајте се и свртете се кон Бога, за да ви бидат избришани гревовите.
Свето Писмо – Дела Ап. 3:19
Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 4:17









