Бог е наш вечен заштитник

Кој живее под закрилата на Севиш­ниот, тој престојува во домот на небес­ниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!

Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна. Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана.

Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење, од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне.

Покрај тебе ќе паднат илјада, и де­сет илјади десно од тебе; но до тебе не­ма да се приближат; само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите.

Зашто, Господ ти е засолниште, на­деж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште; зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој;

затоа што ќе им заповеда на анге­лите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои. Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја; на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш.

„Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое. Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам, ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.“

Псалми 91

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart