Исусовото враќање

„А кога ќе видите дека гнасниот пустошник се сместил каде што не тре­ба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините; и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
Исус Христос во евангелие според Марко 13:14-16

Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни! Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме! Зашто во тие дни ќе има мака, как­ва немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
Исус Христос во евангелие според Марко 13:17-19

И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Тој, ќе ги скрати дните.
Исус Христос во евангелие според Марко 13:20

Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте! Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните. Но вие – чувајте се! Ете, сѐ од­нап­ред ви кажав!
Исус Христос во евангелие според Марко 13:21-23

Во тие дни, по маките, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите небески ќе паѓаат, и си­лите, што се на небото, ќе попуштат.
Исус Христос во евангелие според Марко 13:24-25

И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки, како иде на облаци со голема сила и слава. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
Исус Христос во евангелие според Марко 13:26-27

Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу ле­тото. Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата!
Исус Христос во евангелие според Марко 13:28-29

Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе исчезнат, но зборовите Мои нема да исчезнат!“
Исус Христос во евангелие според Марко 13:30-31

А што се однесува до точното време и час – тоа никој не го знае, дури ни ангелите на небото, па ни Синот Човечки, туку само небесниот Татко!
Затоа, бидете духовно будни и подготвени

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart