Библиски стихови за анксиозноста?

Филипјаните 4:6

За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.

Петрово 5:7

Сите свои грижи фрлете ги на него, зашто тој се грижи за вас.

Јован 14:27

Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.

Матеј 6:25

”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?

Филипјаните 4:13

Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.

Тимотеј 1:7

Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење.

Исус Навин 1:9

биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.”

Евреите 13:6

Затоа можеме смело да речеме: „Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?”

Матеј 6:34

И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”

Еремија 29:11

Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.

Исаија 41:10

Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победо­носна десница.“

Изреки 12:25

Грижата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го весели.

Псалм 94:19

Кога ќе се соберат грижи во моето срце, Твоите утехи ми ја веселат душата.

Јован 14:1

„Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.

Матеј 11:28

”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart