Почеток на мудроста е стравот Гос­подов

Придобивај мудрост, придобивај разум, не ги заборавај и не отстапувај од зборовите на мојата уста. Не ја оставај, и ќе те чува; љуби ја и ќе те одбрани. Почетокот на мудроста е: придобивај мудрост за себе и со сиот свој имот придобивај разум. Величај ја и ќе те возвиши; кога ќе ја прегрнеш ќе ти донесе слава, ќе ти стави прекрасен венец на главата, и ќе ти подари славна круна.

Мудроста ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува: За да те избави од лош пат, од измамлив човек, од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта; кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото; чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта. За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,

Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката. Зашто глупавите ќе ги убие нивното одбивање, а безумните ќе ги уништи невниманието, а кој ме слуша мене, останува безгрижен и живее спокојно без страв од зло.

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart