Колошаните 3:23
Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе
Изреки 16:3
Препушти му ги на Господа своите дела, и вашите планови ќе бидат воспоставени.
Проповедник 3:12-13
Знам дека нема друга среќа за човекот освен да се весели и да прави добро за време на својот живот. И кога човекот јаде и пие и ужива во својот труд, и тоа е Божји дар.
1 Коринтјаните 10:31
И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја.
Изреки 18:9
Кој е негрижлив во својата работа брат му е на расипникот.

Битие 2:15
И го зеде Господ Бог човекот (кого го создаде), го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува.
Ефесјаните 4:28
Крадецот да не краде веќе, туку нека се труди и подобро е да се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба.
Солунјаните 3:10
Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!
Изреки 14:23
Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.
Јован 6:27
Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Човечкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!”
1 Коринтјаните 15:10
Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене.
Солунјаните 4: 9-12
Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате,
10и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте.
11Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме.
12Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.
Проповедник 9:10
Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила, зашто нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш.
Изреки 21:5
Мислите на трудољубивите водат кон изобилие, а секој што брза да се збогати, трпи немаштија.
Галатјаните 6:4-5
Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе. Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите. Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.
Матеј 11:28
”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.
Колошаните 3:23-25
Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓето, знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете Му на Господа Христа! Зашто, кој прави неправда, ќе ја прими обратно неправдата, зашто Бог не е пристрасен.
