Библиски стихови за грижа и вознемиреност – Најдете утеха и мир преку Писмото кое ви ветува надеж и иднина. Стравот, грижата и вознемиреноста се оружје на сатаната за да не спречи да го доживееме целосниот живот што Бог го има испланирано за нас. Овие емоции можат да нѐ совладаат и да не држат парализирани. Научете како да се ослободите од вашите грижи читајќи го Светото Писмо и предадете ги своите грижи врз Исус! Започнете денес и преземете мали чекори денес, за да живеете целосно ослободени од грижи и нервози.
Молитва за смирување на вознемирено и загрижено срце: „Господи, ти благодарам што можам да дојдам кај тебе секогаш за било која причина. Благодарен сум што кога Те молам, Ти ми одговараш. Помогни ми да дојдам кај Тебе во почеток на моите стравови и вознемирености наместо да чекам. Колку побрзо дојдам кај тебе толку подобро. Сакаш ослободи ме од СИТЕ мои стравови. Во Исусовото име се молам, Амин“.
- 1 Јован 4:18
Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта.

- Петрово 3:14
Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството.
- Изреки 3:5-6
Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.

