








Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие.
Исус Христос во евангелие според Јован 10:10
Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?
Исус Христос во евангелие според Матеј 6:26
Затоа, нека не ве мачат грижи за тоа што ќе јадете или што ќе пиете – не вознемирувајте се за тоа! Тоа им е својствено на народите кои не го познаваат Бога, кои се јадосуваат поради овие работи. Вашиот небесен Татко знае дека тие работи ви се неопходни. Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство, а сите останати работи ќе ви бидат обезбедени.
Исус Христос во евангелие според Лука 12:29-31
Нашите физички потреби – храната, водата, сончевата светлина – не насочуваат кон нашата духовна потреба за Исус Христос: Христос е Лебот на животот, Живата вода, Светлината на светот.
Исус Христос во евангелие според Јован 6:35
Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.
Исус ѝ одговори и рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода? Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!“ Исус во одговор ѝ рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни. А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.“
Исус Христос во евангелие според Јован 4:10-14
Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.
Исус Христос во евангелие според Јован 8:12
Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.
Исус Христос во евангелие според Јован 16:33
Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува, Тој ме одмара на зелени пасишта и ме води на тихи води, ја закрепнува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезол и Твојата палка ме успокојуваат.
Псалм 23:1-4 Библија
Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сѐ друго со Него?
Римјаните 8:32 Библија
А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство – во Христа Исуса.
Филипјаните 4:19 Библија
