








Да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив. За ова во Светото Писмо пишува: „Луѓето славеа со гозби и пијанки, а потоа заиграа пагански игри!“
1 Коринтјаните 10:7
„Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.
1 Коринтјаните 6:12
Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов; нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат за земните работи.
1 Коринтјаните 10:31
И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја.
1 Коринтјаните 10:31
Го искушуваа Бога во своите срца, барајќи јадења за својата лакомост.
Псалми 78:8
Ако најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш.
Изреки 25:16
Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.
1 Коринтјаните 3:16-17
Кога ќе седнеш да јадеш со началник, внимавај добро што е пред тебе; стави си нож под грлото ако си ненаситник.
Изреки 23:1-2
Не биди меѓу оние што се опиваат со вино, ниту меѓу оние што лакомо јадат месо.
Зашто пијаницата, и оној што се прејадува, ќе осиромашат, а сонливоста ќе ги облече во партали.
Свето Писмо – Изреки 23:20-21
