Библиски стихови за Светиот Дух

Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот. Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене. Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате. Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден.
Исус Христос во Евангелие според Јован 16:8-11

Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината. Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака. Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“
Исус Христос во Евангелие според Јован 16:13:15

Во меѓувреме, со нас е Светиот Дух за да не придружува и да ни помага во нашите слабости. Ние не знаеме дури ни за што и како би требало да се молиме. Но Светиот Дух се застапува за нас со неискажливи воздишки.
Римјаните 8:26

Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост. Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со нужната почит спрема Бог.
1 Коринтјаните 6:19-20

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart