Библиски стихови за второто Христово доаѓање

„Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.
Исус Христос во Евангелие според Јован 14:1-3

И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте. Зашто, како што молњата изле-гува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син. Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат!“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 24:26-28

Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!
ОТКРОВЕНИЕ 1:7

Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе вос­креснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале жи­ви, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.
1 Солуњаните 4:16-17

И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови; луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат.

И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава. А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги гла-вите, зашто се приближи вашето избавување.“
Исус Христос во Евангелие според Лука 21:25-28

Не чудете се на тоа, зашто доаѓа час во кој сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив, кои правеле добро, ќе воскреснат за живот; а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
ЈОВАН 5:28-29

Значи, бидете подготвени, зашто не го знаете денот во кој вашиот Господ ќе се врати.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 24:42

Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.

Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 24:40-41

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart