А оние што од страв се откажуваат од верата во Мене, како и неверниците, неморалните, убијците, блудниците, маѓепсниците, обожавателите на идоли и сите лажговци, ќе завршат во Огненото Езеро полно со запален сулфур. Тоа ќе биде втората смрт.“
Библија – Откровение 21:8
Содом и Гомора, заедно со околните градови, се оддадоа на блуд и неприродни телесни страсти. Затоа за казна беа фрлени во вечен оган, за да им служат како предупредување на луѓето.
Библија – Јуда 1:7
Зашто сѐ што е во светот: – похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.
Библија – 1 ЈОВАНОВО 2:16-17
Бог сака вие да бидете свети – да се чувате од блуд.
Библија – 1 Солунјаните 4:3
Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство!
Колосјаните 3:5
Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело.
Свето Писмо – 1 Коринтјаните 6:18
Кој прави прељуба со жена, безумен е. Кој го прави тоа, си ја води душата во пропаст. Ќе добие болна рана и презир, и срамот нема да му се избрише.
Свето Писмо – Изреки 6:32-33
Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците.
Свето Писмо – Евреите 13:4
Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’ А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.
Исус Христос во Евангелие според Матеј 5:27-28









