Кој ќе оди во рајот?

Бог Го даде Христос, Кој немаше никаков грев, да биде жртва за нашиот грев, та преку Него ние да се здобиеме со Божја праведност.
Свето Писмо – 2 Коринтјаните 5:21

Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.
Свето Писмо – Римјаните 6:23

А на сите што Го прифатија – на оние што поверуваа во Него – им даде право да станат Божји чеда.
Свето Писмо – Јован 1:12

Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене.
Свето Писмо – Јован 14:6

Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“
Свето Писмо – Дела 4:12

Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.
Свето Писмо – Јован 3:16

Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единород-ниот Божји Син. Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела; а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.
Свето Писмо – Јован 3:18-21

Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.
Свето Писмо – Јован 3:16

„Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат.“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 7:13-14

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart