







Господ зборува вака: „Проклет да биде човек, кој се надева на човек и слабото тело го смета за своја мишка, и чие срце се одвратува од Господа.
ЕРЕМИЈА 17:5
Благословен да биде човек, кој се надева во Господа, и кому Господ му е надеж. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.
ЕРЕМИЈА 17:7-8
та верата ваша да не почива на човечката мудрост, туку на силата Божја.
1 Коринтјаните 2:5 Свето Писмо
Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.
Библија – Изреки 3:5-6
Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господ, нашиот Бог, се фалиме
Псалми 20:7
Што е вера? Тоа е сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи. Вера е увереност во нешто што не си го видел.
Свето Писмо – Евреите 11:1
Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение!
ПСАЛМИ 146:3
А злите луѓе и измамниците ќе стануваат се полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани. Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше. Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос. Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.
Библија – 2 Тимотеј 3:13-17
Ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, ги пазиш и ги извршуваш сите Негови заповеди, што денес ти ги заповедам, тогаш Господ, твојот Бог, ќе те постави погоре од сите народи на земјава; и ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог. Благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето.
