Господи, како да траеме вечно

Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.
Исус Христос во Евангелие според Јован 15:12

Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос
Библија – Филипјаните 2:5

А најмногу од се, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови.
Библија – 1 Петар 4:8

Ослободете се од сета горчина, гнев и лутина. Немојте да викате еден на друг и да се навредувате. Ослободете се од се што е зло.

Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.
Библија – Ефесјаните 4:31-32

Да бидете понизни, кротки и трпеливи. Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.

Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.
Библија – Ефесјаните 4:2-3

Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците.
Библија – Евреите 13:4

Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло. Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината. Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш.
Библија – 1 Коринтјаните 13:4-7

Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.

Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг.
Библија – 1 Коринтјаните 7:2-3

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart