„Молете и ќе добиете; барајте и ќе најдете;

„Молете и ќе добиете; барајте и ќе најдете; почукајте и ќе ви биде отворено, бидејќи, секој што моли ќе добие; оној што бара ќе најде; на оној што чука ќе му биде отворено.

Има ли меѓу вас некој, кој на својот син би му дал камен, ако тој моли за леб? Или да му подаде змија, ако тој моли за риба!?

Па, кога вие, коишто сте грешни, знаете да им давате добри подароци на своите деца колку повеќе и подобри нешта ќе добие од својот небесен Татко оној што ќе Го замоли!“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 7:11

Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде.
Исус Христос во Евангелие според Марко 11:24

Ако верувате, ќе добиете си што ќе побарате преку молитва.“
Исус Христос во Евангелие според Матеј 21:22

Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета.
Исус Христос во Евангелие според Јован 15:7

И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“
Исус Христос во Евангелие според Јован 14:13-14

Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде потполна вашата радост.“
Исус Христос во Евангелие според Јован 16:24

Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор – и ќе му се даде.
Библија – Јаков 1:5

А и кога барате – не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.
Библија – Јаков 4:3

Се што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.
Библија – 1 Јованово 3:22

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart