







Победа над силите на злото
Надмоќ над Сатаната преку Христа
А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици; ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно – нема да им напакости.
Исус Христос во евангелие според Марко 16:17-18
А седумдесетте се вратија со радост и рекоа: „Господи, и нечистите духови ни се покоруваат во Твое име.“ А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња!
Ете, ви давам власт да газите на змии и на скорпии и над секоја непријателска сила, и ништо нема да ви напакости. Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!“
Исус Христос во евангелие според Лука 10:17-20
Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос
Ефесјаните 1:3 Свето Писмо
Tој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.
Колошаните 1:13 Свето Писмо
И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас.
Јаков 4:7 Свето Писмо
И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.
1. Петрово 5:7-9 Свето Писмо
Вие сте од Бога, дечиња, и вие ги победивте, зашто е поголем Оној, Кој е во вас, отколку оној, кој е во светот.
1 Јованово 4:4 Свето Писмо
Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него. Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.
1 Јованово 5:18-19 Свето Писмо
