Библиски стихови за срцето

А над сѐ чувај го своето срце, зашто животот извира од него.
Библија – Изреки 4:23

Но Господ му рече на Самоила: „Не гледај на неговата надворешност, ни на неговиот висок раст, зашто го отфрлив. Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.“
Библија – 1. Самоилова 16:7

Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.
Библија – Изреки 3:5-6

Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.
Библија – Римјаните 10:9-10

Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го раз­бере?
Библија – Еремија 17:9

сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце и во твојата душа;
Библија – Второзаконие 6:5–6

Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене!
Библија – Псалм 51:10

Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо.
Библија – Езекиел 36:26

Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Библија – Матеј 5:8

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart