Библиски стихови за семејството

И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!“
Создавање 1:28 Свето Писмо

Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог.
Излез 20:12 Свето Писмо

Деца, слушајте ги своите родители во Господа, зашто тоа е право. “Почитувај ги својот татко и мајка – тоа е првата заповед со ветување – за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!“ А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.
Ефесјаните 6:1–4 Свето Писмо

Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело.
Создавање 2:24 Свето Писмо

А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско, и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!“
Исус Христос во евангелие според Матеј 19:4-6

Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.
Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.
Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.
Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.
Колошаните 3:18-21 Свето Писмо

Ете, наследството Господово се си­новите, дар од Него е породот. Она што се стрелите во раката на силниот, тоа се младите синови. Блажен е оној човек, кому му е ис­пол­нет тегарчикот со нив! Тие нема да се засрамат, кога ќе се препираат со не­пријателите нивни пред портите.
Псалм 127:3–5 Свето Писмо

Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родите­лите нивни.
Изреки 17:6 Свето Писмо

Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!
1 Тимотеј 5:8 Свето Писмо

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart