








Зашто седумпати ќе падне праведникот и пак ќе стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото. Свето Писмо Изреки 24:16
Ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите. Исус Христос во евангелие според Матеј 6:15
Јас Сум со вас во сите дни до крајот на светот. Матеј 28:20
Јас, Господ, зборував, ќе го извршам тоа во право време. Исаија 60:22 Библија
Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки. Свето Писмо Изреки 3:5-6
Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов – туку Јас ве избрав од светот – затоа светот ве мрази. Исус Христос во евангелие според Јован 15:18-19
Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно. Матеј 11:28-30
